Марија М. (28) од Нови Сад го изгуби животот во сообраќајна несреќа. Додека ја претрчувала улицата, на неа налетало засега непознато возило, а потоа возач на такси кој преминал преку неа.
Младата келнерка, која како што пишуваат српските медиуми е мајка на мало дете, работела дневна смена во кафеаната. Според сознанијата, во еден момент го напуштила локалот и тргнала да купи цигари, преку Сомборскиот булевар каде се наоѓа пешачки премин.
-Според досегашните информации, зеленото светло било упалено за возачи. Дали девојката проценила дека може да ја претрча улицата, засега не знаеме. Воглавно, возачот на автомобил кој наводно е џип не успеал да закочи, ја удрил девојката, а такси возилото кое било веднаш зад него поминало преку девојката, вели извор за српски „Курир“.
Првиот возач кој ја удрил Марија не застанал, туку побегнал од лице место, додека вториот возач, односно таксистот застанал и почекал полциија.