Некогаш една од најпознатите пејачки во поранешна Југославија, Марина Перазиќ, која на времето испеа голем број хитови, моментално учествува во едно реално шоу во Србија, пишува српски „Свет“.
Марина во рамките на играта на вистината го изнела својот став по прашањето за марихуаната. Имено, таа признала дека се залага за легализација на марихуаната и додала дека и самата ја користи.
– Имам предиспозиција да заболам од рак, па џоинтот ме одржува во живот. Тревата ме опушта и ми ја намалува болката – призналаа пејачката.