Терористите на нозе: Исчезна сопругата на лидерот на ИСИС


Жената на лидерот на “Исламска држава” Абу Бакр ал-Багдади – Германката Дијана Кругер, исчезна мистериозно од таборот на екстремистите во северната ирачка провинција Најнава, соопштува ТАСС, повикувајќи се на каналот “Ал Сумарија”.

Заедно со неа во бегство се уште две жени од харемот на Абу Бакр ал-Багдади.zena-ekstremist-640x394

Заедно со Кругер исчезначе уште две жени, нејзини помошнички, кои постојано биле со неа.
Во моментов судбината на Германката е непозната. Шефот на ИД наредил елитен одред на групата да ја пронајде и да ја приведе заедно со нејзините придружнички.

Свадбата на ал Багдади со Дијана Кругер се одржа на 8 октомври минатата година во ирачката провинција Најнава и таа беше одржана во целосна тајност.

По церемонијата двајцата заминаа во вториот по големина град Мосул, кој е под контрола на џихадистите на ИД. Досега пристигнуваа информации дека лидерот на терористите е во Мосул, или се префрлил на територијата на Сирија.

По свадбата со Багдади Дијана Кругер ја зазеде должноста лидер на “шериатскиот суд” на ИД за прашања на жените, кои дејствуваат во ирачките провинции окупирани од терористите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1