Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг призна дека е половина Бугарин, пренесуваат американските медиуми.
Младиот милионер во интервју за „Асошијетид прес“ признал дека има бугарско потекло на кое е многу горд. Марк е крстен според својот дедо Марко од Бугарија, по мајчина линија.
Дедото Марко бил многу богат Бугарин кој ја напуштил татковината во 1944 година, кога народната власт дошла на власт. Богатите Бугари биле прогонувани и осудени од народниот суд, имотот им бил конфискуван, и биле испратени во логор
Сепак дедото на Марк успеал да се качи на брод и избегал во туѓина, но неговата баба останала во Бугарија и не се знае што се случило со неа.
Закерберг тврди дека ја познава историјата на Бугарија и дека се гордее со тоа.