Маркс предвидел што не чека во 2014. Од големата рецесија до најновата верзија на ајфон


Карл Маркс овие денови многу често се споменува во политичките коментари во САД, па затоа американскиот магазин “Ролингстоун” сврзува се она што идеологот на комунизмот предвидуваше дека ќе се случува.

karl-marks_620_350Маркс го споменува Раш Лимбо, водич на работничката класа и конзервативен политички коментатор кој папата Фрањо го обвини проповед на чист “марксизам” поради познатите ставови на папата за богатење и потребата да се биде скромен. Ништо подобро не помина ни Бил де Блазио, новоизбраниот градоначалник на Њујорк, кој во текстот на “Вашингтон тајмс” е оценет како непоправлив “марксист”.

Според мислењето на “Ролингстоун”, сепак, многу мал број луѓе навистина ја разбираат Марксовата остра критика за капитализмот. Поголем дел од луѓето во САД знаат по нешто за она што го предвидува овој радикален економист, дека комунизмот неминовно ќе го заземе местото на капитализмот, но често не сфаќаат зошто тој веруваше во тоа.

Дел од предвидувањата на Маркс кои се уште од времето пред американската Граѓанска војна точно се дефинирани некои од аспектите на современиот капитализам, од Големата рецесија до најновите верзии на ајфон.

1. Големата рецесија (хаотична природа на капитализмот)
Тој нагласуваше тенденцијата на капитализмот да западне во криза. Предвидуваше дека желбата за профит ќе ги натера компаниите да ги автоматизираат работните места за да произведат вишок стока, додека на работниците ќе им се намалуваат платите толку што тие нема да моќта да ги купат ниту производите што тие ги произвеле. Тоа се виде во текот на Големата депресија, но и на почетокот светската економска криза.

2. Ајфон 5С (измислени потреби)
Маркс зборуваше за тенденцијата на капитализмот да одредува висока цена на производи кои не се потребни, но кои ќе се водат од “нехумани, софистицирани, неприродни и измислени апетити”. Ова предвидување се оствари и во современото општество, каде што поединци уживаат во луксуз, но имаат константна потреба да купуваат нешто ново. По ајфон 4, мора да ја земат верзијата 5, па 5С…

3.ММФ (глобализација на капитализмот)
Идејата на Маркс за хиперпродукцијата го наведе да го предвиди она што сега се нарекува глобализација, а тоа е ширењето на капитализмот по целиот свет во потрага по нови пазари. За тоа Маркс пишуваше во 1848 година и погоди дека тоа ќе се случи на крајот на 20 век. Сведоци сме на непрекинатата потрага по нови пазари и евтина работна сила.

4. Волмарт (Монопол)
Маркс тврдел дека моќта на пазарите ќе биде концентрирана во големите монополски компании. Иако тоа можеби во 19 век делувало чудно, на крајот на 20 век тој тренд кој Маркс го предвиде почна да се забрзува, така што денеска многу локални продавници се затворени поради влезот на огромните малопродажни синџири, како што е американски Волмарт”, кој е најголем на светот. Истото се случи и со малите банки, кои им го отстапија местото на големите, како што е на пример, ЈП Морган.

5.Мали плати, големи профити (резервна армија на индустриски работници)
Според мислењето на Маркс, платите нема да растат поради резервната армија на индустриски работници”, која ја објаснува преку потребата на капиталистите за работната сила да платат што помалку, а тоа е најлесно кога има многу луѓе кои се без работа. Волстрит журнал” до некаде се согласува со оваа Марксова анализа и наведува дека во последно време во американската економија растот на продуктивноста им овозможи на компаниите кои немаат многу да одат на намалување на бројот на вработени”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1