Пронајден лекот за детска леукемија


Благодарејќи на меѓународна студија, која ја водат чешки лекари, шансите за излекување на децата болни од акутна леукемија се речиси 90 проценти, јави дописникот на МИА од Прага.

leukemijaРезултатите, кои прво ги објавија некои специјализирани американски медиуми, пред чешките новинари ги претстави координаторот на студијата и раководител на Секторот за детска хематологија и онкологија на прашката Универзитетската болница „Мотол”, професорот Јан Стари.

– При оценувањето на петте години од почетокот на болеста беше потврдено дека успеавме да спасиме животи на 82 проценти од децата. Со прилагодување на третманот за лечење, ги подобривме шансите за излекување на големо мнозинство на младите пациенти, рече Стари.

Акутната лимфобластна леукемија е најчест рак кај децата во развиените земји и бројот на пациенти расте во просек за еден процент на годишно ниво.

Во Чешка, оваа болест, која пред само 50 години била сто проценти смртоносна, годишно се детектира кај околу 70 деца.
Со текот на годините, процентот на оздравување расте и актуелно излекувањето е дури 89 проценти.

Иако кај некои пациенти, болеста се враќа, сепак процентот на излекување не би требало да биде помал од 85 проценти.

– Врз основа на студијата ние ја менуваме дијагнозата на детската леукемија и оценуваме точно каков третман е потребен, на тој начин детето добива лекување што е приспособено точно за него, а тоа до сега не беше така. Децата кои имаат повисок ризик, добиваат поинтензивно лекување, ако е потребно вршиме и трансплантација на коскена срцевина, со цел да се подобри состојбата, објаснува професорот.

Тој додава дека Студијата помага и кај децата кои немаат потреба од интензивно лелување и можат да бидат поштедени од некои компликации.

Третманот за лекување на оваа болест е тежок, долг и често доведува до акутни и опасни по живот реакции.

Во последните 30 години во првичниот третман на лекување на детска леукемија не е вклучен нов лек и медицинските достигнувања се постигнуваат со менување на шемата на дозите на лековите.

Споменатата студија опфаќа лекување на 5.069 деца лечени во 130 центри во 15 земји од три континенти, од кои 291 деца од Чешка.

Истражувањето е водено од 2002 до 2007 година, со следење на пациентите и во наредниот период.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1