Марокански скакулци го нападнаа Скопје


Скакулци-штетници го преплавија Скопје откако наезда од т.н. мароканци ги опустоши нивите во штипскиот регион. Скакулци периодов се појавиле и во Скопје, на територијата на општина Аеродром по должината на коритото на Вардар.
skakulciИнсектите најмногу може да се забележат кога ќе падне мрак, па сè до зори. Жителите на општина Аеродром се жалат поради големата појава на скакулци и велат дека населбата не памети вакво драстично размножување.
Според експертите, појавата се должи на драстичната промена на временските услови, но нема место за паника бидејќи јатата скакулци се во фаза на растурање.
Тие посочуваат дека состојбата може да биде многу подраматична идната година.
Sitel
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1