Академик Божин Павловски заради лустрацијата замина од МАНУ – му напиша и писмо на Груевски


На последната седница на Комисијата за лустрација се дискутирало и за досието на академик Божин Павловски, но одлучувањето било одложено.

bozin pavlovski– Но и сега, кога во знак на протест, излегувам од Академијата на науките по 25 години активно членување и од Друштвото на писателите по точно 50 години, имам чувство дека во нашава средина постигнав добри резултатии Ве известувам дека во својата втора татковина на најубав начин ќе продолжам да си ја промовирам својата прва татковина – пишува писателот Павловски во отвореното писмо испратено до медиумите.

Тој во своето писмо му се обраќа и на премиерот Груевски: „Во овие 90 дена, откако по триесет и први пат си дојдов во старата татковина, открив дека во Вашата непосредна близина се случува загрижувачки процес на гниење. Се добива впечаток дека некој во Ваше име го разнебитува македонскиот вредносен систем трпеливо граден цели 70 години“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1