Повторно уништени македонски автомобили во Грција (Фото)


Секоја година иста приказна. Македонските туристи кои се најбројните во Грција и се главен мотор на грчката економија, неретко дома се враќаат со оштетени возила како што е ова на фотографијата кои по мејл, од познатото летувалиште Сарти ни ги испратија читатели на Вечер.

Табличките на “реното” каде што е напишана македонската кратенка и знамето е прекриен со син спреј за графити, а потоа од страна на браникот со големи букви е испишана кратенката на нашиот јужен сосед-ГР.

– Шест дена сме тука и досега одлично се забавувавме, но утринава кога го видовме автомобилот ни преседна. Иако сакавме да пријавиме во полиција, по сугестија на нашите соседи од Србија дека можеби во ова и полицијата е замешана, се исплашивме и не го сторивме тоа. Имаме уплатено до среда, но не сум сигурна дека ќе останеме, ни напиша нашата читателка.

Ова не е прв пат возила на македонски туристи да бидат на мета на грчки националисти. Ниту една сезона не минува без пријава на македонскиот граничен премин за вандализирани и искршени возила или украдени таблички, а ги проголтавме дури и лепенките ФИРОМ кои ги добивавме на граничниот премин од грчките цариници.

Вечер

B4DCF8A2D6495E4C89A44A1EDF877919

E523A614EEE147408A8A3175265F356F

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1