Марокански султан имал над 1170 деца


Мароканскиот султан Мулај Исмаил според Гинисовата книга на рекорди имал 888 деца, но француски дипломат од тоа време запишал дека султанот до својата 57-ма година од животот, имал 1 171 дете, од 4 сопруги и 500 конкубини!До тогаш веќе бил 32 години на власт.Дали е можно еден човек да има толку деца?

sultan_mulaj_ ismail_14_public_domainНаучниците од Универзитетот во Виена направија компјутерска симулација и докажаа дека е можно – за да добие толку деца, тој требало секој ден да има секс.

Предвид биле земени веројатноста за плодните денови на жените, и утврдено е дека таа бројка можел да ја постигне и со помал харем од само стотина жени.

Инаку, султанот Мулај бил наречен „крвожедниот“ бидејќи владеел со голема суровост. На власт дошол откако на колец набил 400 глави, како пример што ќе им се случи на тие што му се спротивставуваат. Владеел од 1672 до 1727, и за тоа време е одговорен за смртта на 30 000 луѓе, не сметајќи ги жртвите во битките./ извор: Дејли меил

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1