„Марс” и „Сникерс” повлечени од продажба – најдена е пластика во чоколадите


Производителот на чоколада Марс доброволно повлекува дел од својата понуда од германските продавници откако во некои негови производи била пронајдена пластика.mars snikers

„Марс чоколада“ спроведува доброволно повлекување на чоколадни производи откако во некои од нив беше пронајдена пластика“ , се вели во изјавата на компанијата.

Како што е соопштено, компанијата од продажба ќе ги повлече сите производи на кои им важи рокот од 19 јуни 2016 до 8 јануари 2017 година, а целосната листа може да се најде и на нивниот сајт.

„Со ова повлекување сакаме да спречиме потрошувачите да конзумираат некои од наведените производи“, речено е од „Марс“.

Овој американски гигант произведува околу 10 милиони чоколади дневно во својата фабрика во Западна Германија.

Портпаролот на „Марс“ сеапк не можел да каже дали ова повлекување било најголемо некогаш во историјата на компанијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1