Продолжува маршот на отпорот на опозициската СДСМ. Ова е видео од протестот во Струмица, поставено на Youtube.
Со голема парола „Македонија е се’ што имаме“, која ја носеа учесниците, колоната протестанти се движеше во главните градски улици низ Струмица, а на раскрсницата кај трговскиот центар „Глобал“, на отворениот граѓански парламент, се обратија потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, и лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски.
Опозицијата вечерва и во Штип таму беа и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, актуелните пратенички од овој град Билјана Казанџиска и Маринела Тушева, кандидатот за градоначалник на здружената опозиција, Здравко Коцев, како и првиот човек на Достоинство, Стојанче Ангелов.