Мартина Навратилова се омажи за својата девојка


Мартина Навратилова, која девет пати го освои Вимбледон, стапи во брак со нејзината долгогодишна девојка, Јулија Лемигова, руска манекенка, овој понеделник, на интимна церемонија во хотел во Њујорк.kalimero.mk-navratilova

 

Славната тенисерка рече дека се чувствувала „непријатно“ и „многу чудно“ после венчавката, но и декаа и олеснило.

– Имам 58 години и првпат сум во брак- беше време, зарем не?, рече за Би-Би-Си Њуз.

– Растејќи како лезбејка едноставно не размислувате за тоа. И потоа пред некои десет години помислив: Мислам дека за дессет години геј браковите ќе бидат легални. И еве не, десет години подоцна, навистина е легален, рече таа.

Навратилова како хомосексуалка се декларираше уште во 1981 година, а со Лемингова во врска е од 2006 година. Оваа година во септември и предложи брак на УС Опен: – Бев толку многу изненадена, но не очекував ништо помалку од Мартина, рече таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1