Вооружен маж убил осум лица, тешко повредил една жена и потоа се самоубил во ресторан во Ухерски брод, во југоисточниот дел на Чешка. Според достапните информации, напаѓачот е 60-годишен локален жител кој бил нервно растроен.
Тој, нападот претходно го најавил во чешката комерцијална телевизија Прима, објаснувајќи дека бил принуден на чинот поради тоа што што постојано бил навредуван, а никој од надлежните не преземал никакви мерки.
Портпаролот на полицијата Павел Странски изјавил дека вооружениот маж влегол во пабот и почнал да пука во 13 часот по локално време, но не ја потврдил информацијата за бројот на мртви. Тој додал дека напаѓачот бил совладан.