Машината за перење алишта – расадник на бактерии ако не го правите ова..


Доколку не се користат правилно машините за перење на облеката, можат да бидат вистински магнет за бактерии и мувла, предупредуваат германските лекари.

По отстранувањето на испраната облека од машините, повеќето корисници ја затвораат вратата и садот за дозирање на прашокот за перење, а тоа е погрешно порачуваат експертите, пренесува Економски лидер.

stock-footage-close-washing-machine-clean-colorful-clothesИмено, во машините за перење секогаш останува малку вода, објаснува Клаудија Оберашер и додава дека е познато дека онаму каде што има влага, се создаваат добри услови за микробите. Оттаму, се препорачува вратата да биде оставена отворена, како и садот за дозирањето на прашокот, за да се исушат на воздух.

Оберашер додава и дека е пожелно повремено да се извлече садот за детергент, за да се прегледа каналот за водата кој е зад неа.

„Супстанциите од кои се произведува прашокот за перење се биоразградливи, што ги прави добар извор на храна за бактериите и мувлата. Тие можат да создадат лигави траги и црни дамки“, вели Бернд Глас од германското здружение за козметички и санитарни производи (IKW).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1