Масони, банкари, тајни друштва – Повик за будење


И Македонија се бави со светските завери, новиот светски поредок, повици за будење – барем така се вели во новата книга на Милевски со наслов ,, Повик за Будење,, Станува збор за Конспиративен Трилер Мистерија. Дејствието се случува во САД, Англија и Македонија. Авторот вели дека е посветен е за сите луѓе што трагаат по Вистината.

pb copyОпфатени теми:
– Илуминати, Масони, Тајни Друштва;
– Нов Светски Поредок, Њу Ејџ, Окултизам;
– Банкарите, Ротшилди, Ционизам;
– Ватикан, Папата, Католичката Црква, Језуитите;
– Револуции, Британско Кралско Семејство.

“Повик за будење” од Јануари оваа година беше најпрвин објавен на Амазон на англиски јазик и има солидна читаност од луѓе од целиот свет а сега ќе биде достапен на македонски јазик на овогодишниот Саем на Книга. Е ве што за книгата вели авторот – Време е да ги дознаете сите тајни, лаги и манипулации во општеството во коешто живееме за вакцините, генетски модифицираната храна, аспартам, флуор, хемтрејлови, микрочипови, медицина, образование, политика, религија, медиуми, мода, спорт и многу други теми.

Време е да ја дознаете вистината.
Време е да се разбудите.
Не пропуштајте го овој, можеби и последен за некои од вас,

ПОВИК ЗА БУДЕЊЕ.

Новиот роман на Милевски “ПОВИК ЗА БУДЕЊЕ” ќе биде достапен на Саемот на книгата и во книжарниците од 10-15 Април 2013год. А веќе од 15 Април во КИОСЦИ и продавници на МПМ во сите градови во Македонија.

Ова е втор роман на Милевски по првиот Љубовта за Ана кој одлично помина и имаше голема читаност кај македонската публика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1