Вчера околу 20:00 часот во Скопје, пред спортската сала „Јане Сандански“ пред мечот меѓу МЗТ и Партизан нарушен е јавниот ред и мир со судир помеѓу две навивачки групи, при што повредени се тројца полициски службеници, информира МВР.
Во Полициска станица се приведени неколку лица, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Медиумите вчера јавија дека се повредени и неколку навивачи.