Матичните лекари реагираат – нема плата 6000 евра тоа било вкупно со се трошоци, еве кои


Реакција од здружението на матични лекари по веста дека некој матичен лекар овој месец земал од фондот 6000 евра по основ на пациентите кои ги има. Ви го пренесуваме соопштението во целост во кое детално објаснуваат на што се однесуваат овие 6000 евра. Од друга страна здравство 24 потенцира дека податоците за исплатеното на лекарите ги добиле од фондот за здравство и тоа се официјални исплатени средства.

lekariМорам како Претседател на ЗПЛРМ веднаш да Ве демантирам во Вашето пишување.Не е прв пат новинар ,па и Министер да даде изјава да тоа што го зема еден матичен лекар е ПЛАТА.Тоа е надомест за покривање на сите трошоци кои ги има приватниот доктор во РМ.Или не сакате да пишувате тоа што е реалност или така сте приморани да напишете за да се креира негативно мислење за докторите во Македонија.Вистината е следна –

Докторите лекуваат и спасуваат животи.Само тие и никој друг.Зошто нема аргументи во текстот колку пациенти лекува таа ординација ,колку тима на доктори има,колку медицински сестри има вработено и колку е оддалечена од некое урбано место.Немате ни еден аргумент кој е опиплив. За сите кои читаат по овие медиуми јас би ги навела реалните трошоци на една приватна ординација.

Ако Фондот префрли на пример капитација од 180 000 денари и тоа е што би рекле новинарите 3000 евра-истите ги снемува од нашите сметки за еден ден.

Расходи-две медицински сестри по 13000 денари плата -26000 и плус персонален трошок 13000 денари -сето тоа е 39000 денари,плата за едната докторка 18000 денари -персонален плус 9000 -сето тоа е 27000 денари,плата за сопственикот
на амбулантата 25000 денари и плус персонален данок 12000 денари. И нормално на оваа сета администрација мора да имате и некој кој ке ја средува-медицинска сестра вработено на 4 часа -плата 7000 денари и плус персонален данок 3500 денари.

sini-kartoni1Книговодител 3000 деанри,хигиеничар 3000 денари,струја 12000 денари бидејки е Индустриска-*не ми е јасно која
индустрија ја има матичниот доктор-вода ,телефони-бидејќи некогаш лекуваме и по телефон.За да спасите човечки живот-многу е важно да дадете добар совет на вашиот пациент и да го упатите таму каде ќе добие вистинска помош.Значи
точна дијагноза по телефон-со добро земена анамнеза-значи да спасите човечки живот.

Фирмарина 6000 денари,софтверски програм 7000 деари еднаш годишно,тонери по два на месец за принтани рецепти -сега ќе одат по 4 ако почнеме да принтаме и упати.Мора да имате резервен принтер-ако Ви се расипе-за да продолжите во моментот со работење.

Хартија 7700 секој месец,ампуларна терапија 12000 денари,осигурување од професионална грешка на целиот тим-8000 денари,плаќање на работилници за цели кон Фондот 4800,плаќање на чланарина кон ЛКМ и здруженија,.Регистрација на возило-докторите во РМ го одржуваат здравството со сопствени возила.Не живеат и работат сите во Скопје.Има доктори кои патуваат и по 120 км -идење и одење до работно место секој ден.Бензин колку им е потребно месечно?Колку беше бензинот пред три години,колку е сега?

lekariСредства за хигиена,ЕКГ ленти,ЕКГ апарати-сите немаат добиено од Фондот.Тоа се случи само еднаш за овие 20 години приватно здравство.Лиценца за безбедност при работа,8400 денари.Набавка на комјутери со виндоус лиценца за да може секој да работи електронско здравство.Многу е лесно да се прават проекти со пари на матичниот доктор.За информација на
сите кои ќе читаат во Словенија Фондот за здравство еднаш во годината ги наградува докорите со по 700 евра за да се обнови нешто од апаратура. Тоа се вели партнерски однос.

Во нашата свест како доктори-Министерството за здравство,Фондот за здравство и докторите треба да се партнери.Да седат на маса и ИСКРЕНО да разговараат.А не преку новинари.Нема потреба од дезинформации на јавноста да некој земал ПЛАТА 6000 Евра.Срамота.

Треба ли мантили да се купат,летни ,зимски за цел тим.Медицински отпад месечно по 530 денари.Кирија плаќаат дел од колегите по 250 евра месечно.А сум видела и фактура од Здравствен дом Сингелик каде здравствениот дом фактурирал 25000 денари за кирија,парно ,струја и вода..Боца за кислород,фискални каси,поправка на истите-.Белење на амбулантите,санитарни книшки за целиот тим,систематски прегледи за цел тим и дали уште треба да бројам за расходи
кои треба да се плаќаат од нашата капитација.Овде никаде не спомнав да само во нашата држава постојат Пасивни пациенти.

За информација на јавноста тоа се пациенти кои се живи,но не се осигурани или сопстевникот не им плаќа осигурување -здравствено.Истите тие секој дневно поминуваат во нашите амбуланти и ги лекуваме или им даваме совети.Не
постои приватен доктор кој не си ја работи совесно работата.Бидејќи приватниот доктор живее од љубезност,искреност,професионалност и ПОЧИТ кон пациентот.Кој е најдостапен и бесплатен во државата-МАТИЧНИОТ ДОКТОР.КОЈ ГО
ЛЕКУВА НАРОДОТ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ-МАТИЧНИОТ ДОКТОР.КОЈ Е СТОЛБОТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ-МАТИЧНИОТ ДОКТОР.КОЈ ГИ ПРИФАТИ СИТЕ ПРОЕКТИ НА ОВАА ВЛАДА-МАТИЧНИОТ ДОКТОР.БАРАМ ПОЧИТ КОН ОВАА ФЕЛА.САМО ТОЛКУ.И ТОА Е БЕСПЛАТНО.6000 евра не е ПЛАТА.

Со почит Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ и член на Извршен  одбор на ЛКМ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1