Сенада Нуркиќ, попозната како старлетата Маца Дискреција, тврди дека најмногу понуди за секс добива од политичари и фудбалери.
Изгледа дека се незадоволни од своите сопруги, па сум им интересна. Политичарите се најисфрустрирани, а јас сакам да ги провоцирам и да им ја скокоткам фантазијата, изјави Маца низ смеа.
На прашањето кој и го платил зголемувањето на градите, вели дека парите ги заработила сама. Вели дека поради физичкиот изглед има многу непријатели и многумина сакаат да и наштетат бидејќи и љубоморат на убавината и успехот.
Јас на мажите им нудам физички изглед, им нудам дружба, но не сум проститутка. Имам другарки кои би се продале за добар телефон, патување или одмор на некоја егзотична дестинација, вели Маца.
Коментирајќи го големиот скандал кој ја потресе Србија, кога беше уапсен макрото Михајло Максимовиќ (33) Маца вели дека такво нешто не треба никого да изненади.
Има проституција и кај нас. Прашање на денови беше кога полицијата ќе започне да ја работи својата работа и да ги уапси макроата. Мене се обидоа да ме убедат да ме земат под свое, но јас не се давам. Познавав девојки кои мораа да скокаат врз секој маж, да бидат послушни и без збор да ги задоволуваат клиентите што ќе ги договори макрото, тврди старлетата.