БОЛНА ИСПОВЕД: Се вљубила бо албанец – ја тепал и силувал „Имав секс со 110 мажи за еден ден, 6 пати прележав сифилис“


Кога имала само 14 години Меган била продадена како бело робје. Денес, 11 години подоцна таа живее со постојан страв дека мрачните сенки од минатото ќе се вратат по неа.

Потресната животна приказна на оваа девојка започнува во Грција каде оди на летување со својата мајка. Меган длабоко во себе копнее за љубов и топлина, бидејќи нејзините родители се разведени и двајцата имаат проблем со алкохолот, па таа имала тешко детство.siluvanje maltretiranje devojce

Започнувајќи да раскажува Меган вели дека целиот нејзин живот, нејзиниот идентитет бил украден.

-не смеев да зборувам со никој за тоа што ми се случи. Самодовербата сосема ја изгубив, се тресев кога некој ќе викнеше покрај мене или само ќе го повишеше тонот. Бев сенка и послаба од тоа, раскажува Меган на која и е дијагностициран посттрауматски стрес.

На одморот во Грција го запознала Јак, згоден Албанец со кого започнала врска која многу ветувала дека конечно ќе го почувствува мирот за кој сонувала. На инсистирање на Меган, таа и мајката и останале во Грција, а врската со Јак, покрај јазичната бариера, одлично функционирала. Тој бил вниателен и мил, но набрзо неговиот неодолив шарм се претворил во ѕверска желба за контрола. Неговите чести промени на расположението биле неподносливи. И велел на Меган дека неговата мајка е болна од рак, а тој нема пари за лекување. Потоа и кажувал дека еден ден ќе имаат преубава куќа со многу деца и ќе имаат се што ќе посакаат,но за тоа мора да отидат во  Атина каде имал роднини кои ќе му помогнат да најде подобра работа. Таа се согласува да заминат таму иако и е жал ја остава мајката.siluvanje

Токму тогаш започнува пеколот на 14-годишната Меган која ја кажува страшната вистина како се нашла во проституцијата.

-Се сеќавам колку се тресев кога прв пат се качував по тие скали во зградата каде живееа неговите роднини. Никогаш нема да ја заборавам таа студена пот која ме облеа и која ми кажуваше дека нешто не е во ред, раскажува Меган.

Ја оставиле во мала соба без прозорец со еден стар душек фрлен на подот. Покрај него имало мала камера. Тогаш прв пат ја силувал. Ја оставил на душекот, размачкана со крв, и дал 50 фунти и кутија кондоми. Тоа бил првиот секс кој Меган го имала. Со години подоцна се обвинувала себе зошто тогаш не побегнала. Зошто не се обидела да се бори и да излезе од тој пекол?

Наместо тоа останала на душекот, на кој подоцна проодлжила да има секс со разни мажи кои и давале пари за нејзините услуги. Секојдневно трпела понижување, а кога ќе соберела храброст да го праша Јак да ја пушти, тој и се заканувал дека ќе ја убие мајка и. Целосно зависела од него. Да добие чиста гардероба, храна, вода. Посебна дозвола била потребна за се. Едно време била проститутка на улиците во Италија што на неа оставило посебни трауми.iscelitel siluvanje

-Немав одмор. Никогаш. 40,50,60 клиенти за еден ден и никогаш не беше доволно, објаснува таа.

Додека навлегува во длабочината на своето минато, Меган се сеќава дека еднаш задоволила 110 мажи за еден ден, по што тешко се разболела. Според нејзните кажувања била на некој начин во полусвесна состојба и целата ситуација ја преживеала така што успеала да го „исклучи мозокот“ во некои моменти. Меган прележала сифилис и салмонела шест пати.

Јак подоцна ја продал на друго макро кој ја терал постојано на нејзината мајка да и праќа разгледници и писма дека се е во ред.

-Беа внимателни и секогаш размислуваа чекор понапред. Не беше лесно да станеш и да избегаш особено со мојата ментална состојба. Немав доволно сила за такво нешто. Ми го заробија телото и умот. Станав робот кој ги извршуваше своите должности, раскажува Меган.

Живеела во постојана параноја, па на крајот доживела психотична епизода и била хоспитализирана во грчка болница каде поминала три месеци. Одвоена од надворешниот свет, се почувствувала доволно сигурно за да раскаже што и се случило. Лекарите ја контактирале нејзината мајка која дошла и двете заедно се вратиле во Британија каде била на многубројни терапии и примала голем број лекарства.

-После долго време конечно живеам во мир. Се чувствувам силна и одлучна. Сега се чуствувам како Меган, тивко вели таа.

Според податоците од ОН, дури 2,4 милиони луѓе во светот стануваат жртви на трговија со луѓе, а дури 80 проценти од нив се сексуално експлоатирани.

Kurir.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1