Немил настан се случи вчера попладне на охридското крајбрежје кога маж почина. Причината за ненадејната смрт неофицијално е срцев удар. Безживотното тело на човекот било извадено од водите, на плажата Метропол, објави „Њуз1.мк“.
На снимката се гледа како на помош доаѓа министерот за здравство Венко Филипче, кој бил на 200 метри, на отворање на Европскиот маратон.
Министерот Филипче некои 20-тина минути го реанимирал човекот кој имал 70-тина години, но за жал не успеал да го спаси.
Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК