Маж го тужеше љубовникот на сопругата и доби отштета од 8,8 милиони долари


Судија во Северна Каролина врз основа на архаичен и малку познат закон му наложил на љубовникот да исплати на мажот со чија жена спиел да му плати 8,8 милиони долари отштета.

Кит Кинг го тужеше љубовникот на својата сопруга бидејќи му го уништил среќниот брак.

Кинг, кој се оженил со Даниел Свордс во 2010 година и заедно имаат дете, во 2015 година пронашол сомнителни пораки кои ги разменувале неговата сопруга и односниот Франциско Хизар Трети. Со тек на време нејзиното неверство им го уништило бракот и Даниел изнајмила стан во 2017. Кинг отишол во тој стан, мислејќи дека живее сама, а вратата му ја отворил љубовникот. Таа тогаш снимила видео од својот љубовник како го дави мажот по што Кинг го тужел за напад.

На судот приложил докази за 16-месечната афера, а неговата адвокатка Џоан Фоил рекла дека неверството не само што им го уништила бракот туку Кинг изгубил и работник бидејќи Даниел работела во неговата фирма „BMX Stunt Show“.

Во приватната тужба од април 2017 Кинг го тужел Хизар, со оглед на тоа дека законот за „растурач на домови“ сѐ уште е во сила во шест американски држави: Хаваи, Северна Каролина, Мисисипи, Ново Мексико, Јужна Дакота и Јута.

Судијата пресуди во корист на измамениот маж и одреди отшета од 8,8 милиони долари.

Љубовникот најави жалба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1