Екипа на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, вчеравечер изврши успешна интервенција за спасување маж и жена кои паднале во провалија на падините на планината Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче, кај новотрасираниот пат, пишува Курир
Екипата на БППЗ составена од шест пожарникари и предводена од командантот на првата чета Сретко Цимевски, на терен успешно интервенираше со техничка опрема соодветна за интервенции при вакви несреќни случаи.
Интервенирано е на непристапен терен на длабочина од 50 до 100 метри.
Интервенцијата започнала веднаш по примената дојава од страна на машкото лице околу 19:20 часот и успешно е завршена во 22:15 часот.