Маж измрзнал до смрт во возилото заглавен во снег – 3 жртви во Бугарија и Црна Гора во мраз


Три лица починаа во Бугарија како последица на „сибирскиот студ“ проследен со снежно невреме што последниве два дена ја зафати земјата, јавија бугарските медиуми.

sneg-top-5-1

Еден болен починал во амбулантно возило, кое останало заглавено во снегот движејќи се кон болницата во северниот бугарски град Лом. Во близина на градот Враца во северозападна Бугарија, еден 56-годишен маж измрзнал до смрт во својот автомобил, откако останал заглавен на патот. Во селото Барзина во реопнот на Враца телото на еден 90-годишник било пронајдено измразнто во дворот на неговата куќа.

Бугарската служба за цивилна заштита во текот на вчерашниот ден евакуирала околу 320 лица и деблокирала 640 возила, кои останале завеани во снегот во северните делови на земјата.

Поради невремето без електрична енергија се десетици села во северна Бугарија.

Синоптичарите предвидуваат дека во текот на новогодишната ноќ температуруте во Бугарија ќе се симнат и до минус 15 степени, а за следните денови се прогнозира и уште постудено време.

Темепартурите на цела територија на Црна Гора вчера паднаа под нулата, вклучувајќи ги и приморските реони. Најнисла температура од минус 17 степени Целзиусови е измерана на Жабљак, а највисока од минус два во Херцег Нови.

За денеска црногорските метеоролизи предвидуваат натамошен пад на температурите дури и ди минус 22 степени. Дополнителен проблем претставува и студениот северен ветер, кој создава чувство дека е постудено отколку што е.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1