Маж изрешетан пред лифт во зграда (ФОТО)


Триесет и седум годишниот Г.Р. е убиен синоќа по полноќ пред лифт во зграда во Белград. На него било пукано од огнено оружје во гаражата од зградата пред лифтот.

Портпаролката на брзата помош за Танјуг изјавила дека мажот не покажувал знаци на живот и дека имал неколку прострелни рани претжно во главата.ubistvoto500

Г.Р. и бил познат на црногорската полиција по неколку кривични дела. Тој пред неколку месеци се преселил од Цетиње во Белград.

Како што пренесува српски Ало, убиецот успеал да помине покрај обезбедувањето и камерите без да биде виден, што докажува дека знаел како функционира системот за заштита во зградата.

Неофицијално, тој користел приглушувач при ликвидацијата на 37-годишниот Г.Р., кој бил изрешетан пред лифтот во гаражата, додека излегувал од својот автомобил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1