Маж од делчевско починал од глад и студ


Маж на 43 годинишна возраст од село Драмче делчевско денеска бил пронајден мртов во семејната куќа од глад и премзрнатини од прв степен, соопшти СВР Штип.

Како што потврди Гордана Панајотова, портпарол од СВР Штип, според увидот на полициските службеници врз телото на починатиот З.Ј. нема траги на насилство.ladno2

Според Гоце Стоименовски од Итната медицинска служба тим од доктори биле на интервенција пред да почине З.Ј. каде констатирале дека пациентот не бил контактибилен.

– Пациентот беше неконтактибилен, му дадовме терапија за ревитализација и ги повикавме од Центарот за социјални работи, рече Стоименовски.

Директорот на делчевскиот Центар за социјални работи, Александар Николов, истакна дека заедно со социјални работници на повик на полицијата и брзата помош, биле во домот на Ѓорѓиевски, но таму го затекнале мртов.

-Лицето не е во евиднецијата на Центарот за социјална работа, што значи не е примател на социјална помош или на друг вид помош од Центарот за социјални работи, рече Николов.

Погребот беше извршен денеска на товар на Центарот за социјални работи. Ѓорѓиевски бил повратник од затвор и живеел сам

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1