Постар маж од Драчево искасан од улични кучиња побарал помош во локалната амбуланта.
МВР соопшти дека вчера во 09,00 часот во Полициска станица од општа надлежност Драчево 70- годишниот О.Н пријавил дека околу 08,00 часот, додека се движел со велосипед на улица Коперникова, од страна на три кучиња скитници бил бутнат од велосипедот, а потоа бил каснат во пределот на надколеницата на левата нога.
По што се упатил во поликлиниката Драчево, каде побарал лекарска помош.