Безживотно тело на маж било пронајдено во хотелска соба во објект во Лучане кај Бујановац. Полицијата во Врање го идентификувал починатиот и било утврдено дека е Станко С. (39) од околината на Ниш, а најверојатно причината за неговата смрт била предозирање со „виагра“
Веднаш било отфрлена можноста дека мажот бил убиен, а лекарите утврдиле дека тој најверојатно земал поголема количина апчиња за потенција од дозволената.
Телото на Станко С. било испратено во Заводот за судска медицина во Ниш, за да се утврди вистинската причина за настанувањето на смртта, пренесуваат српските медиуми.