Берни Скуитиери, 51-годишник од Мисури, неодамна го изгубил венчалниот прстен својата сопруга сo 20-каратен дијамант вреден вртоглави 350.000 евра.
Имено, Берни случајно го фрлил прстенот во отпадокот откако сопругата го оставила на хартијата за домаќинство. Без да погледне дали на хартијата се наоѓа нешто вредно за чување, Берни ја зграпчил хартијата, ја фрлил во вреќата за отпадоци, а потоа во камионот кој во тој час го собирал отпадокот.
По сознанието за направената штета, брачната двојка тогаш се нашла во трка со времето – прстенот бил на пат кон депонијата, а доколку таму зврши, шансите за неговото пронаоѓање се исклучително мали.
Берни сепак ги убедил работниците на комуналната компанија да му дозволат потрага по прстенот низ приближно 10 тона отпадок. По 25 минути потрага, прстенот го пронашол оперативниот менаџер, Џое Еванс.
– Во десет од десет случаи воопшто не успеваме да пронајдеме слични изгубени предмети. Голема е среќа што го пронајдовме прстенот и успеавме да го вратиме – рекол Еванс.