Маж стана жена со операција за прв пат извршена во Скопје


Триесет и три годишен маж од Македонија денеска стана жена. За прв пат во државата, во клиничката болница Аџибадем Систина беше направена хируршка интервенција за промена на пол. Кај пациентот комплетно беа отстранети машките и направени женски генитални органи. Професор Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија кој ја изведе операцијата, вели дека пациентот ќе ужива во сексуалните односи како жена, но нема да може да раѓа бидејќи тоа е поврзано со други органи во телото.-Кога велам функционален орган, мислам на тоа дека ќе може да има нормални сексуални односи како жена, да може нормално да мокри како жена и тоа е она што е во делот на функционалноста. Во делот на естетиката ги направивме сите оние естески зафати од правење на вагина, клиторис, големи и мали усни, вели проф. Др. Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија.

Пациентот ќе биде под лекарски надзор бо болницата околу 5 дена. Потоа процесот на оправување треба да го продолжи во домашни услови. Лекарите велат дека за нормален живот ќе биде подготвен после еден месец од интервенцијата. Како што објаснува српскиот уролог, пред да дојде процесот на промена на полот, има процес на подолга подготовка на мажот кој сака да стане жена и обратно.

-Значи околу една година да биде следен од двајца психијатри и уште една година доколку е на хормонална терапија. Дури потоа, значи околу две години подготовка доаѓа до промена на гениталните органи од спротивниот пол, вели Ѓорѓевиќ.

Денешниот маж кој стана жена е петтиот македонски пациент кај кој промената на полот ја правел професор Ѓорѓевиќ. Тој во досегашната пракса направил околу 2000 вакви интервенции од кои 1300 се од жена во маж кои според урологот се многу потешки и траат околу 10 часа. Операцијата е дел од симпозиумот за генитално реконструктивната хирургија кој се одржува во Аџибадем Систина и на кој има предавачи од целиот свет.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1