МВР не знае од каде напаѓачот на Тодоров го набавил преработениот гасен пиштол


Министерството за внатрешни работи сеуште не открива како 60 годишниот велешанец го набавил пиштолот со кој завчера се обиде да го убие поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.. Од МВР велат дека истрагата е во тек и најверојатно повеќе информации ќе се објават на почетокот од наредната недела..

Инаку вчера доцна попладне, по барање на основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка му одреди 30-ет дневен притвор на 60 годишниот напаѓач.. Тој пак на распитот во кривичниот суд се бранел со молчење..

Полицијата се уште не открива со какво огнено оружје е пукано кон Тодоров.. МВР во вчерашното соопштение единствено напиша дека од местото на нападот е подигнат пиштол и други предмети кои се доставени за понатамошна обработка..

Додека трае молкот на полицијата, дел од медиумите објавиа дека напаѓачот употребил гасен пиштол најверојатно дополнително обработуван за да одговара на куршум со калибар 6.35 милимитри со што оружјето добива убиствена моќ..

Токму ваква работилница за незаконска обработка на гасни и звучни пиштоли пред шест години откри полицијата во селото Џепчиште.. Во акцијата под оперативно име „6,35“ беа запленети 150 пиштоли кои по машинската обработка требало да завршат на црниот пазар во Македонија по цени од 100 до 150 евра..

Инаку според обвинението, 60 годишниот велешанец ќе се гони за две кривични дела – убиство ВО ОБИД и недозволено поседување оружје..

Во соопштението на јавното обвинителство пишува дека напаѓачот на 1-ви јуни односно денот кога требаше да се изврши примопредавањето на министерската функција,тој го чекал Тодоров пред Министерството за здравство.. Претходно бил и пред неговиот дом но откако не го пронашол таму се упатил пред министерството.. Веднаш по пристигнувањето на Тодоров, напаѓачот се обидел од зад грб да пука во него, но присебноста на екс министерот и брзата реакција на обезбедувањето му го спасиле животот..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1