Вчера во 21 часот во Кичево во спортски центар, 22-годишниот Б.Р. од Кичево бил погоден во десното стопало од залутано зрно од огнено оружје додека играл фудбал во објектот. На ранетиот веднаш му била укажана помош во Медицинскиот центар во градот каде му е констатирана телесна повреда и е пуштен на домашно лекување.
Истиот ден околу 17 часот во Гостивар во дворот од куќата сопственост на И.А.(54) паднал проектил испукан од огнено оружје. Додека тој работел во дворот, во негова близина, проектил испукан од огнено оружје удрил во столбот на оградниот ѕид на дворот и паднал на тревата. На оддалеченост на околу десет метри од местото каде што удрил проектилот бил и Т.А. (32). За среќа во овој инцидент нема повредени