Со сите „мултитаскинг“ можности успешните деловни жени, како и добрите домаќинки, сите жени се покажуваат како доста моќни, интелегентни и енергични. Меѓутоа и покрај духот на еманципација кој демонстрира „сила“ кај мажите многу жени и понатаму се чувствуваат послаби во одредени ситуации.
Немојте да брзате со заклучоците, сепак мажите и жените се родени со фундаментални разлики. Не само физички туку се разликуваат и во структурата и биологијата на мозокот. Постојат неколку биолошки тврдења кои би можеле да објаснат зошто жените многу полесно се опиваат, лесно заплакуваат и тешко издржуваат физичка болка. Ќе наведеме три докази кои жените ги рангираат како послаб пол.
1. Полесно се расплакуваат – кај жените солзните жлезди анатомски се разликуваат од оние кај мажите. Исто така жените имаат поголемо ниво на хормонот пролактин и тоа за 50 – 60 отсто повеќе отколку кај мажите. Тоа е хормон одговорен за развој на солзните жлезди уште од детството и произведува солзи и кај возрасните.
2. Тешко поднесуваат болка – новите истражувања покажуваат дека жените имаат тенденција да искусат поголема физичка болка од мажите кога се изложени на слични услови на болести. Разликите во биолошката структура на мозокот е она што ги прави жените подложни да се жалат на поголем интензитет на болка. Деталните истражувања и скенирања на мозокот покажале дека жените имаат поинтензивно чувство за болка отколку мажите.
Кај посилниот пол чувството за болка се наоѓа во делот на мозокот кој вклучува и способност за избегнување на болка додека тоа не е случај кај жените. Скенирањето на мозокот со магнетна резонанца покажало дека жените од таа причина чувствуваат значително поголема болка од мажите.
3. Полесно се опиваат – Женскиот организам произведува значително помалку ензими за разложување на етанолот, а исто така има помалку вода за растворање на алкохолот. Проблемот е во тоа што жените имаат помалку вода во своите клетки за разлика од мажите. Алкохолот се апсорбира во крвта, а потоа се пренесува во клетките. Тоа е причината зошто жените се опиваат полесно од мажите. Иако ќе испијат иста количина на алкохол, жените ќе имаат поголем процент на алкохол во крвта.