Мажи, вежбајте оти секој трет маж не може да го види пенисот од стомакот


Дури 33% од машките во Велика Британија на старост од 35 – 60 години, толку се дебели што од стомакот не можат да си го видат пенисот кога гледаат надолу.

Кога станува збор за машки од 51-30 година, тој процент е уште поголем – 44%.

Дебел маж што не може да го види својот пенис, имаат пет пати поголема опасност да заболат од дијабетес од тип2, и три пати повеќе се изложени на опасност од рак на дебелото црево.

Докторот Јохан Ду Плесис пренесува дека машките биле премногу незаинтересирани за своите здравствени проблеми.

-Мажите што не можат да го видат својот пенис се во двојно поголем ризик од висок крвен притисок, што е важен фактор за ризик од срцев удар и болести на срцето – кажува Ду Плесис.

Истражувањето го спроведе сајтот  WeLoveOurHealth.co.uk, а учествувале 1.000 машки.

Затоа мажи, заради овие шокантни резултати не чекајте, и веднаш започнете здрава исхрана и физички активности. Ако времето моментално претставува проблем, можете барем да правите вежби за телото во својот дом.

Кога ќе станете барем 5 мин. вежбање ви ја подобрува циркулацијата на крвта, а со тоа ви тргнува денот кон подобро со енергија и добро расположение.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1