За 20 години поради мобилните и антените, ќе има експанзија на заболени од тумор на мозокот!!!


„Основно потрошувачко право е правото на здрава животна средина, поради што луѓето се повеќе се противат на поставувањето на ваквите „антени“ за мобилните телефони, кои што можат да се забележат на секој чекор. За дваесет години луѓето се повеќе ќе бидат изложени од ризикот да заболат од тумор на мозок.

За дваесет години луѓето се повеќе ќе бидат изложени од ризикот да заболат од тумор на мозок, предупредуваат членовите на неколку стотина еколошки здруженија, испровоцирани од се почестото, далеку од очите на јавноста, по секоја цена, да се изградат антенски столбови за мобилната телефонија на сите населени места и речиси на секоја локација, без оглед на просторните планови и сегашните ограничувања.

„Основно потрошувачко право е правото на здрава животна средина, поради што луѓето се повеќе се противат на поставувањето на ваквите „антени“ за мобилните телефони, кои што можат да се забележат на секој чекор.

На страниците на Министерството за транспорт и врски, пронајдов, текст, кој што морам да признаам не беше лесно достапен за јавноста, во кои се напишани новите одредби на законот, со кои на операторите им се овозможува да поставуваат столбови на антени каде што ќе посакаат, па дури и без одобрение на сопствениците на куќите или зградите.

Се згрозив од ваквите решенија, затоа што не само што на овој начин го загрозуваат здравјето на луѓето, туку и правото на сопственост. И се со цел да им се угоди на операторите, со цел да си ги остварат инвестициите, како би ги оправдале истите, демек нешто се гради, па макар и на штета на здравјето на граѓаните. Некои земји во просторното планирање ги ограничија ваквите поставувања на антени, но, подоцна со владините уредби истите се укинуваат, предупредува Ерика Поповиќ.

Туморот на мозокот најчесто се јавува на страната на која што го држиме мобилниот

„Никој не бара да се отстранат мобилните и антените, но, при одбирањето на локациите би можело да се води повеќе сметка за здравјето на луѓето. Цврст доказ дека мобилните и антените предизвикуваат рак на мозокот, засега не постои, но, само затоа што нема доволно кумулативно истражување, кое би можело да го донесе ваквиот заклучок. Да ве потсетам дека и пред неколку десетици години пред и службено да биде утврдено дека и пушењето предизвикува тумор, постоеја јавни повици дека пушењето всушност му штети на здравјето.

Резултатите на досегашните истражувања на штетните зрачења на мобилнте и базичните станици, укажуваат дека истите најверојатно предизвикуваат тумор на мозокот, затоа што кај 70 отсто заболени од ваквата болест, им е утврдено дека туморот настанал на страната на која што го држеле мобилниот телефон.

Некои истражувачи предупредуваат дека за неколку десетици години ќе имаме вистинска епидемија на тумор на мозокот, а најзагрозени ќе бидат децата до 14 години, затоа што се уште кај нив не е развиен черепот кој го штити мозокот од штетното зрачење на мобилниот телефон.

Контрадикторно, но, „што повеќе антени, толку е помала штетата од зрачењето на мобилните“

Од друга гледна точка пак, зголемената поставеност на антените кои го пренесуваат сигналот, би можеле да го намалат штетното влијание, и тоа токму поради јачината на сигналот, за разлика кога истите ги нема или се наоѓаат на поголемо растојание.

Во вториот случај, кај оние кои што разговараат на мобилен телефон, поради слабоста на сигналот, истиот има поголемо штетно влијание, со што се зголемува можноста за појава на тумор на мозокот, се бранат челните луѓе на телефонските оператори бранејќи ги новите уредби на законот за изградба на ваквите антени.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1