Студијата, рамноправност, домашна работа, Сексуална фреквенција во брак, која ги зема во предвид хетеросексуалните брачни двојки во САД, се потпира на национално репрезентативни податоци од националното истражување на семејствата и домаќинствата.
Мажите во студијата изјавиле дека имале секс во просек од 5,2 пати во месецот, пред направената анкета, додека жените пријавиле 5,6 во просек. Но и мажите и жените во двојки кои се повеќе негуваат традиционални вредности, во однос на поделбата на домашните обврски, се изјасниле дека имаат повеќе секс, за разлика од оние со поегалитаријанска поделба.
„Резултатите сугерираат на постоење на родов сет на сексуални сценарија, во кои традиционалните перформанси и прикажувања на родот е важен за создавање на сексуалната желба и ефикасност на сексуалната активност“, изјавил Корнич, ко-автор на студијата, со уште двајца негови истражувачи Џули Бринес професор по социологија на Универзитетот во Вашингтон и Катрина Леуп, докторски кандидат по социологија.
Истражувачите, исто така направија испитување, а на крајот ги отфрлија голем број од можните објаснувања за нивните наоди. На пример ја истражувале можноста дека двојките со повеќе традиционални поделби на трудот имале повеќе секс, бидејќи биле сексуално принудени. Задоволството од сексот било ниско, но фреквенцијата висока.
Истражувачите откриле дека среќата, религијата, пол идеологијата, како и низа на други променливи, не влијае на односнот меѓу потрадиционалните поделби на трудот и почестата сексуална активност.
Но, за мажите кои би можеле да ја видат оваа студија како оправдување за да не помагаат при домашните работи, Корнрич издаде предупредување дека можат да го зголемат конфликтот во нивниот брак. Претходно истражувањето покажало дека брачното задоволство на жените е навистина поврзано со учеството на мажите во вкупниот домаќински труд, кој опфаќа извршување на традиционалните обврски од страна на мажите и жените.