Меџити: Ова е заедничка победа за сите жители на Чаир


Изет Меџити, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, оствари значајна победа на локалните избори, објави тој на својата официјална страница.

Во обраќањето до граѓаните, Меџити изрази искрена благодарност до секој граѓанин кој излезе и гласаше, нагласувајќи дека оваа победа е резултат на довербата, храброста и посветеноста на жителите на Чаир. „Секој глас беше глас за достоинство, правда и вистински развој“, истакна Меџити.

Тој најави дека сега започнува големата работа за реализирање на ветената нова епоха во општината, со фокус на чесност, посветеност и блискост до потребите на граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1