Две жени Јазиди сведочеле за неверојатната бруталност со која морале да се борат секој ден додека биле во рацете на борците на Исламската држава. Тие девојките ги чувале како сексуални робинки, откако ги киднапирале од нивните домови во Ирак.
Една од нив, која е мајка и има 19 години, рекла дека му дозволила на нејзиниот прв киднапер, “кој ја купил”, да ја силува кога ќе посака, затоа што инаку би го тепал нејзиното 1-годишно бебе.
Нејзиниот син била единствената работа која ја спречила да си го одземе животот. Другиот “сопственик” исто така ја силувал, пишува Daily mail.
Другата жена, на возраст од 25 години, ја продавале од џихадист на џихадист, а сите биле сурови фанатици. Тие ја врзувале за кревет и дрогирале со морфиум за да молчи. Била тепана до тој степен што не можела да оди, пренесува Telegraf.rs.
Тие моментално се наоѓаат во бегалскиот камп Канке во Ирак, каде се чувствуваат колку-толку безбедно, и ги раскажуваат своите страшни искуства и приказната за бегството од пеколот во кој се наоѓале.
Инаку, џихадистите киднапирале околу 200 девојки и жени, припаднички на заедницата Јазиди, во август минатата година, кога ги киднапирале од нивните домови во северен Ирак.
Tocka.com.mk