Мечка во Русија упадна во трговски центар па во детска градинка (ВИДЕО)


Полицијата во рускиот град Хабаровск вчера убила мечка која упаднала во детска градинка – откако била изгонета од трговски центар, јави „Русиа тудеј“.40(3)

Жители на источниот руски град, кој е блиску до кинеската граница, првин го забележале мечокот на паркинг кај спортската сала „Ерофеј“ доцна вечерта, а додека дошла полицијата, животното влегло во блискиот трговски центар. Полицајците потоа успеале да го избркаат од комплексот, но мечокот отишол во детска градинка и таму бил застрелан.

Директорот на Ловната инспекција, Андреј Мамајев, смета дека мечокот бил млад – околу една година, што значи дека тукушто почнал да живее одвоено од својата мајка.

– Може да заклучиме дека неискусната мечка решила да ја преплива реката Амур во потрага по дувло – вели Мамајев.

Мечокот најверојатно немал дувло во кое ќе ја преспие зимата, или пак бил многу гладен и тргнал во потрага по храна, заклучува телевизијата.

 
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1