Mедал за македонски информатичари на Oлимпијадата во Австралија


Македонскиот тим информатичари, избрани од циклусот национални натпревари по информатика на 25-тата Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2013), која се одржува во Бризбејн, Австралија, освои бронзен медал.

Овој резултат на Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Росица Дејановска и Васил Кузевски, предводени од лидерите, Миле Јованов и Емил Станков, претставува продолжување на континуитетот на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве неколку години и нова потврда за знаењата од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

medal informaticari
ИОИ е најпрестижниот годишен натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. На ИОИ 2013 учествуваат вкупно 299 ученици, кои право на учество обезбедија преку националните натпревари во програмирање спроведени во 80 земји од целиот свет.

Освоен медал на интернационална олимпијада значи полна стипендија за студирање директно од некој од најпрестижните светски универзитети по информатика која може да достигне и до 250.000 долари. Следната, 26-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2014), ќе се одржи од 13-ти до 20-ти јули во градот Тајпеј, Тајван.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1