„Медена земја“ е номиниран во две катогории на Оскарите: за најдобар странски филм и најдобар документарец. Доделувањето на 92. Оскари е на 10 февруари вo Холивуд.
Да појаснам. Не стоев јас до него… Тој стои до мене. (Јас имам две номинации оваа година)“. Со овие зборови режисерката Тамара Котевска на „Фејсбук“ ги сподели фотографиите на кои стои до холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо. Фотографиите се од свеченоста во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, десетина дена пред доделувањето на наградите „Оскар“.
Котевска заедно со режисерот Љубомир Стефанов, продуцентот Атанас Георгиев и кинематограферите Самир Љума и Феми Даут објавија селфи со легендите на Холивуд – Роберт де Ниро, Ал Пачино, Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Квентин Тарантино и многу други.