Меџити: ДУИ обезбеди 90.000 албански гласови за Пендаровски


Во ДУИ на првата прес-конференција по завршување на гласањето истакнаа дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт.

-Нашите првични неофицијални проценки се дека има околу 90.000 албански гласови кои го поддржаа концептот на консензус. Сакам да изразам длабока загриженост во врска со информациите на теренот за тивок, но активен и организиран бојкот од страна на албанската опозиција. Тоа значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар, изјави Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1