Меџити: Никој не смее да го урне споменикот на двоглавиот орел


Општина Чаир во саботата постави споменик на двоглав орел на улицата Лазо Трпковски во Топанско Поле , поточно на кружниот тек во ова населба, по што веднаш следуваше реакција од Градот.

Град Скопје соопшти дека веднаш по почетокот на изградбата на постаментот од страна на непознати лица, упатил официјално барање до Државниот градежен инспекторат да се отстрани.

Фото - Либертас

Фото – Либертас

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, за „Дневник“ изјавил дека никој не смее да го урне споменикот, бидејќи двоглавиот орел е симбол на Албанците, и е поставен според Законот за употребата на етничките симболи. Иако за поставување на споменикот не е изгласана одлука во Советот на општината, Меџити тврди дека тој е легално поставен и дека тој лично донел одлука за тоа по иницијативата на скопската филијала на Организацијата на ветераните на УЧK.

Двоглавиот орел, поставен во населбата Топанско Поле, е копија на оној во Тирана, а ист таков има и во Косовска Митровица. За поставувањето на орелот, градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити во емисијата „10 минути“, рече дека сè е во согласност со законот.

– Споменикот е поставен на законски начин, затоа што се поставува во општина Чаир, од надлежна институција, почитувајќи ја и повикувајќи се на одлуката на Советот на општина Чаир од 2012 година, кога е донесена одлуката за поставувањето на спомениците. Од Градот Скопје нема соопштение. Се сретнавме со градоначалникот на градот, разговаравме, побаравме информации за процедурата, но не со намера да направиме нешто лошо – изјави Изет Меџити, градоначалник на Чаир.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, за „Дневник“ посочиле дека побарале градоначалникот Меџити да им достави документација дали монументот е легално поставен.

Им дадовме рок од три дена. Ако нема документација, општинската градежна инспекција треба да ја отстрани бесправно поставената градба. Во спротивно, според нашата надлежност, ќе бараме Министерството за транспорт и врски да ја одземе надлежноста на овластениот инспектор на Чаир за да може да постапува Државниот градежен инспекторат, изјавила директорка на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, за „Дневник“.

Меџити смета декаа ако има обид за уривање на споменикот, прво треба да ги урнат сите нелегално поставени јарболи со државното знаме во земјава и други споменици.

Споменикот на двоглавиот орел е финансиран од Општина Чаир и чини околу 15.000 евра

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1