Медицински брат осомничен за смртта на Ива – казна затвор од 8 години!


Иако тврди дека не ѝ го продал на Ивана лекот од кој умрела, медицинскиот работник од “ВМА” паднал на детекторот за лаги. Лично со автомобил пристигнал по несреќната девојка во хотел “Хајат”, ја одвел на Военомедицинската академија, а потоа ја вратил во хотелот.

Полицијата се сомнева дека тој медицински техничар, во автомобилот, за 100 евра на Ивана ѝ продал ампули од опасниот анестетик “пропофол”, кој Ивана истата вечер го консумирала преку вена.ivana-m

Осомничениот здравствен работник бил испрашан на детектор за лаги и паднал на прашањата за “пропофолот”.

“Тој призна дека дошол по Ивана и дека ја пренел во болница. Рече дека само и помагал на Ивана, со која се знаел од порано, и дека не ни помислил дека девојката истата вечер ќе почине. Меѓутоа, тој тврди и дека нема ништо со “пропофолот”, дека не ѝ го дал тој, и дека од весниците дознал дека Ивана го користела…Сепак, на полиграфот падна на тие прашања”, навел извор од истрагата.

Медицинскиот техничар евентуално би можел да биде обвинет за неовластена продажба на опасни материјали со смртен исход, што е дело за кое е предвидена максимална казна од 8 години затвор.

“Затоа вчера беше ослободен, бидејќи немавме зошто да го држиме во притвор”, објаснил изворот.

За работата да биде уште почудна, било наложено дека “ВМА” работи на обдукцијата, иако постоеле сомненија дека нивните вработени се вмешани во целиот случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1