Медведев делеше љубовни совети на студенти


Бидете настојчиви, беше советот на рускиот премиер Дмитриј Медведев на прашањето на студент во Краснојарск што треба да стори за да натера девојка да се вљуби во него.medvedev love

На средба со студенти од Сибирски федерален универзитет еден од нив го праша премиерот што да направи за да натера девојка да се вљуби во него.

„Браво!”, беше првичната реакција на Медведев.

„Како секој човек, што ли сé не сум видел што ли не уште ќе видам. Можам да кажам дека кога учиш на универзитет и си млад, можно е да не ги оценуваш правилно дури и сопствените чувства.

И можеби токму во тоа е и убавината на студентската возраст. Затоа сега треба да бидете настојчиви.

Ова го велам сосема сериозно. Знам од сопствено искуство. Штом манифестираш настојчивост во оваа работа, секогаш ќе го постигнеш резултатот, ако, се разбира, вистински го сакаш човекот со кого сакаш да го споделиш својот живот.

Љубовта секогаш победува “, рече Медведев.

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1