Мега проект за младите: Бесплатен превоз за студентите во јавниот сообраќај


Премиерот Никола Груевски најави два нови проекти кои се однесуваат пред се на младите луѓе, и имаат поврзаност со образованието. Едниот од нив е бесплатен превоз за студентите во јавниот сообраќај.jsp222

-Првиот проект кој сакам да го објавам денес и кој се однесува на студентите, е проектот бесплатен превоз за студентите. Започнувајќи од 1 јануари 2016 година, и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа, истакна Груевски.

Вториот проект е наменет за средношколците и исто така започнува со важност од 1 јануари 2016 година. Преку овој проект наречен „Средношколска Среда“ секоја среда на сите средношколци, ќе им се овозможи бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата.

-Верувам дека ќе придонесат за интересот на овие категории и ќе обезбедат дополнителна вредност во тие полиња. Овие два проекта се дел од една поширока палета од 100 мерки и проекти кои се наменети за младите и за образованието како составен дел од младинскиот живот, и кои во идниот период ќе бидат објавувани од страна на нашата политичка гарнитура, проекти и мерки на кои сериозно работевме подолг период, и тоа од страна на стручни лица, но пред се како резултат на добиени идеи од страна на младите лица кои се најмногу засегнати од младинските предизвици и најдобро ги чувствуваат младинските потреби, и како резултат на тоа имаат најдобри решенија за истите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1