Механизацијата на Трансмет на помош од првиот ден


Бизнис секторот масовно се вклучи во хуманитарните акции за помош на настраданите фамилии од саботното невреме. Над 3000 компании членки на Сојузот на Стопанските Комори се приклучија и донираат парични средства, прехранбени производи, облека, ќебиња, средства за лична хигиена, флаширана вода и се она што им е потребно на граѓаните, пренесе ТВ НОВА.transmet-640x363

Стопанствениците одат од врата на врата им ги делат намирниците на граѓаните бидејќи велат дека на тој начин ќе им заштедат и време на луѓето кои се преморени од расчистувањето на штетите. Од ова бизнис здружение сметаат дека потребна е дополнителна работна сила на терен и ги повикуваат сите добронамерници да се вклучат во волонтерските акции.

Една од поголемите компании од градежниот сектор, Трансмет, членка на оваа стопанска комора од саботата вечер е на лице место и рамо до рамо со војската и волонтерите учествува во расчистување на штетите.

Телевизија Нова поразговара со координаторот на оваа фирма во населеното место Сингелиќ, Ибрахим Кочан. Ангажирани се работници волонтери и тешка механизација, поголемиот дел од секојдневните работни задачи ќе им бидат стопирани додека не се стабилизира состојбата во овој реон велат од компанијата.

Потребно е единство и со здружени сили да се им се помогне на граѓаните од поплавените места, вели Кочан. Многу е важна организацијата и координацијата со локалните власти, додава тој. Секое утро се прават планови како да се делува и колку лица и механизација да бидат испратени.

Според пресметките на Сојузот на стопанските комори, секојдневно на сметката за донации легнуваат илјадници евра со кои се купуваат потребните производи за граѓаните од поплавените подрачја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1