Најголемиот светски синџир на брза храна Мекдоналдс ги советуваше своите вработени дека наместо хамбургер, пржени компирчиња и газирани сокови, подобро е да се одлучат за поздрави оброци ако сакаат да останат здрави и витални.
На официјалната Интернет страна, наменета за вработените во синџирот, се предупредува дека премногу калоричната и премрсна брза храна доведува до здебелување, со кое се поврзуваат разни болести, а на персоналот им советува да се хранат на други места каде се сервираат салати, супи и овошје.
Освен пржената храна, се предупреува и на опасноста од дополнувањата, како сирење, сланина и мајонез, кои инаку се дел од секојдневната понуда на Мекдоналдс.
Советот е илустриран и со графички приказ на „нездрав“ и „здрав“ избор, а во тој вториот нема специјалитети по кои е познат американскиот синџир на ресторани на брза храна.
– Тешко е здраво да се храниш ако често јадете во фаст фуд рестораните кои воопшто не нудат наминици со намалени маснотии, се наведува на страницата на која претходно беше објавен и советот за вработените да си побараат дополнителна работа, за да можат да „спојат крај со крај“.
Се уште не е јасно кој е одговорен за ваквите совети, а портпаролот на Мекдоналдс се огради од наведеното, тврдејќи дека е „извадено од контекст“.