Мелита се омажи за украински тајкун 25 години постар од неа


Дваесет и едногодишната Мелита Фабечиќ, поранешна претставничка на Хрватска за „Мис универзум“ која беше прогласена и за најсекси Хрватска според „Глобус“, се омажи за 25-години постариот украински милијардер Олександар Романович Онишенко.111-520x481

– Вистина е, се чувствувам како во бајка, среќна сум и заљубена. Сопругот и јас се запознавме пред неколку месеци, меѓутоа самиот чин на венчавката се случи набрзина, речиси неверојатно брзо. Венчавката беше во установа во која времето е строго и листата на чекање во Киев е толку долга што мора дури два месеци порано да се закаже термин за саканиот датум. Ние венчавката ја организиравме за една недела. Не можам да речам дека тоа беше љубов на прв поглед, но со самото меѓусебно запознавање си кликнавме и мене таа искреност ме освои, изјавила Фабечиќ за „Јутарњи лист“.

Онишенко е миленик на поранешниот украински премиер Виктор Јанукович, а од 2007 до 2014 беше заменик министер за кризни ситуации, сега е дел од украинскиот парламент, а исто така е бизнисмен, сопственик на модна агенција и на прволигашкиот фудбалски клуб Арсенал Киев. Тој е поранешно момче на тенисерката Мартина Хингис, како и на Парис Хилтон.mel3-1

Меѓу другото, тој двапати бил дел од олимписката репрезентација во јавање на коњи на Украина.

– Имав прилика да го посетам еден од најголемите коњечки клубови, да запознаам олимписки јавачи и најдобро истренирани коњи на светот. Бидејќи многу сакам коњи, бев пресреќна. Надвор, јавањето е многу ценета вештина и ако знаеш да јаваш си едно ниво повисоко. Ги импресионирав. Видов дека сите ме гледаат, а Олексанр ми пријде и ми даде комплимент колку грациозно изгледам и колку добро ми лежи неговиот коњ, кој инаку по природа бил многу див. Не го знаев тоа, а тој дури се пошегува дека сум направила вистинско чудо, да го скротам коњот кој само тој може да го контролира. Така се запознавме, раскажува таа.

Според неа, запросувањето било многу романтично.

– Ме праша на хрватски јазик дали сакам да се омажам за него и навистина околу тој чин многу се трудеше, а мене тоа ми беше преголем шок, вели сега веќе госпоѓата Онишенко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1