Менаџерката на компанијата „Гугл“ Ванеса Меркот (27) е силувана, убиена, а потоа запалена додека трчала во шумите на Принстон во Америка.
Свирепото убиство се случило во Масачусетс на километар оддалеченост од куќата на нејзината мајка, а телото на несреќната девојка го пронашле полициските кучиња.
Ванеса живеела во Њујорк, а во „Гугл“ работела со клиенти како менаџер во сметководство.
Девојката е пронајдена мртва со изгореници по рацете, нозете и главата, откако било пријавено нејзиното исчезнување.
Компанијата „Гугл“ изразила огромно жалење поради нејзината смрт, наведувајќи дека Ванеса била сакан и почитуван член на нивниот тим.